Студенти креираа нов финансиски инструмент за ФИТР

- Advertisement -

Предлог проектите на два тима од трета година на Економски факултет – Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, беа избрани како најдобри од деветте групи кои денеска во Фонд за иновации и технолошки развој ги презентираа своите решенија за нов финансиски инструмент за ФИТР.

Одлуката ја донесе петчлената комисија во чиј состав беа претставници од Економскиот факултет – Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Светска банка, Министерство за финансии, Универзитет Американ колеџ и Фонд за иновации  и технолошки развој.

- Advertisement -

„Ова е одлична можност истовремено да научите како да пишувате предлог проекти, но и како да ги  презентирате пред идните инвеститори. Целта на оваа задача беше да ве поттикнеме да учествувате во креирање на нови механизми за ко-финансирање на компании, а од ова што го видовме денес комисијата навистина имаше тешка задача да ги одбере најдобрите“, изјави Јован Деспотовски, директор на ФИТР.

- Advertisement -

Петте наградени студенти ќе добијат неколкумесечна пракса во ФИТР каде со поддршка на експертите од Фондот ќе работат на развивање на предложеното решение во конкретен инструмент.

Овие проекти беа изработени како стручен труд во рамките на предметот „Управување со производ“ под менторство на професор Д-р Ежени Бржевска. Студентите имаа задача да осмислат нов начин на кофинансирање на мали и средни претрпријатија и да подготват презентација за нивниот предлог проект за проектната задача која кон крајот на октомври им беше зададена од Фондот.

- Advertisement -

ФИТР продолжува со иницијативата за поттикнување на креативните вештини и иновативноста кај младите.

Сподели!
- Advertisement -