Факултетското студентско собрание при Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФСС ФЕИТ) со голема чест ги поканува медиумите да присуствуваат и да известуваат од петтото, јубилејно издание на Science@FEIT – Првиот меѓународен конгрес на техничките факултети во Северна Македонија, што ќе се одржи на 9 и 10 мај 2025 година, во DoubleTree by Hilton и во просториите на ФЕИТ во Скопје.
Овој значаен јубилеј ја зацврстува позицијата на Science@FEIT како водечка студентска иницијатива која го обединува најдоброто од академијата, индустријата и иновациите. Конгресот претставува уникатна можност за медиумите да ги проследат иновативните идеи, напредните технологии и критичките дебати кои ја обликуваат технолошката иднина на нашето општество.
Во фокусот на Science@FEIT 2025:
- Предавања од врвни експерти во областа на електротехниката, телекомуникациите, кибербезбедноста, машинското учење, вештачката интелигенција, авијацијата и други сродни дисциплини.
- Панел дискусии за иднината на енергетиката, зелената транзиција, дигиталната трансформација и заштитата од сајбер закани. Гостите вклучуваат професори, истражувачи, лидери во секотрите, претставници од министерствата и индустријата/
- Практични работилници за развој на технички и лични вештини кај младите инженери.
- Простор за вмрежување и соработка помеѓу студенти, истражувачи, компании и институции.
Под слоганот „Инженерството ја гради иднината“, Science@FEIT отвора дијалог за улогата на инженерството во современото општество, охрабрувајќи ги младите да размислуваат храбро, критички и интердисциплинарно.
Настанот се одржува со поддршка на Sparkasse Банка, JetBrains, Македонски Телеком, Infineon Technologies, EVN Македонија, Gerresheimer и Цементарница УСЈЕ.
Science@FEIT 2025 ги спојува науката, академијата, индустријата и креаторите на политики за да ги истражи границите меѓу возможното и невозможното, реалното и генерираното, видливото и скриеното.
Медиумите ќе имаат пристап до сите делови од програмата, можност за интервјуа со предавачи и организатори, како и медија-кит со визуели и материјали.