Популарниот бренд Skechers се согласи да биде продаден на приватната компанија 3G Capital за 9,42 милијарди долари. Тоа е најголемата аквизиција во индустријата за обувки досега, а компанијата ја става на берза по 26 години, во време кога се бори со влијанието на високите американски царини.
Големиот производител на обувки Skechers објави дека се согласил да биде продаден на приватната компанија 3G Capital за 63 долари по акција, вреднувајќи ја компанијата на 9,42 милијарди долари. Цената што купувачот се согласи да ја плати претставува премија од 30 отсто во однос на тековната пазарна вредност на Skechers, што е во согласност со слични договори за преземање.
По тој договор и објавувањето на трансакцијата акциите на Skechers пораснаа за повеќе од 25%.
„Компанијата влегува во своето следно поглавје со докажано искуство во партнерство со глобалната инвестициска фирма 3G Capital“, рече извршниот директор на Skechers, Роберт Гринберг.
Трансакцијата доаѓа во тешко време за малопродажната индустрија, а особено за секторот за обувки, бидејќи се потпира на дискреционо трошење и прекуокеанските синџири на снабдување, кои сега се на удар на американскиот претседател Доналд Трамп и неговата трговска војна.
(Reuters)
(фото: Pixabay)