Научници направија заштитна маска која го уништува корона вирусот, а може да се пере 50 пати

- Advertisement -

Португалски научници објавија дека создале заштитна маска чија ткаенина штити од корона вирусот така што го уништува. Вирологот Педро Симас од Институтот за молекуларна медицина во Лисабон објави дека неговиот тим развил слој кој го намалува бројот на вируси за 99% во рок од 30 минути, а може да издржи до 50 перења.

Португалските маски MOxAdtech користат активна состојка која веќе се докажа како ефикасна во сузбивањето на вирусите H1N1 и ротавирусот. Но, Симас предупредува дека самата маска не е решение за пандемијата на корона вирусот, туку е најефикасна кога се носи и се практикува социјалното дистанцирање.

- Advertisement -

Тоа е само уште една алатка, уште еден елемент на маската кој покрај физичката бариера може да понуди и хемиска бариера, појаснува Симас и додава дека луѓето при носењето на маската треба да водат сметка дали маската го покрива носот и устата за да се спречи ширење на големите респираторни капки.

За сите кои одбиваат да носат маска Симас има посебна порака. Тој вели дека маските се многу битна заштитна компонента, а носењето на маските, колку и да е неудобно, е мала жртва во споредба со спасувањето животи.

- Advertisement -

Маските се во продажба во Португалија уште од април, но сега ги добија потребните сертификати кои докажуваат дека не содржат хемикалии опасни за луѓето, но се ефикасни против корона вирусот.

(фото: Mo-online)

Сподели!
- Advertisement -