Конференцијата што ги спојува визионерите на Балканот повторно се враќа! „The Economist MeetUp: The World Ahead 2026“ пристигнува на 18 декември во Скопје со уште помоќна агенда и звучни имиња кои го менуваат светот – почнувајќи од тука.
Првите двајца говорници се официјално потврдени – Саша Поповиќ, ко-основач и извршен директор на Vega IT – лидерот кој во срцето на Балканот изгради глобално успешна ИТ компанија и докажа дека грижата за луѓето е најсилната бизнис-стратегија, доаѓа во Скопје за да зборува за иднината на работата, културата и дигиталните импулси што го движат светот.

Неговиот колега на сцената ќе биде еден од најпрогресивните лидери во финансиската и осигурителната индустрија – Драган Филиповиќ, претседател на Извршниот одбор и CEO на Generali Србија – визионерот кој веќе две децении стои зад трансформацијата на една од најмоќните осигурителни компании на Балканот, градејќи лидерство засновано на иновација, одржливост и грижа за луѓето.

Во време на глобална неизвесност, токму луѓе како Поповиќ и Филиповиќ нудат јасна визија и практични модели за новиот свет – свет што е одржлив, дигитален и хуман.
Третото издание на „The Economist MeetUp – The World Ahead 2026“, во организација на Represent Communications Macedonia и Color Media Communications, ќе донесе уште помоќна програма, врвни говорници и искрени дијалози за тоа каде се движи нашиот регион – и светот.
Повеќе информации за настанот може да најдете на официјалниот вебсајт – https://economistmeetup.com.mk/