Харвард оцени дека станува збор за чин на одмазда што може да предизвика голема штета на универзитетот. Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го укина правото на Универзитетот Харвард да прима меѓународни студенти, а оние што ќе бидат запишани ќе бидат принудени да се префрлат на други колеџи или ќе го изгубат својот легален статус, објави во четврток Министерството за внатрешна безбедност.
Министерката за внатрешна безбедност, Кристи Ноем, нареди поништување на сертификатот на Харвард што му дозволуваше на универзитетот да запишува луѓе со студентски визи или да прима студенти преку размена на научни трудови (SEVP), објави одделот во соопштение.
Ова доаѓа откако Харвард одби да ги достави информациите што Ноем претходно ги побара за некои oд студентите кои студираат на универзитетот, соопшти министерството. „Оваа администрација го смета Харвард за одговорен за поттикнување насилство, антисемитизам и координација со Кинеската комунистичка партија на својот кампус“, рече Ноем.
„За универзитетите е привилегија, а не право, да запишуваат странски студенти и да имаат корист од нивните повисоки школарини за да помогнат во растот на нивните мултимилијардерски фондови“, додаде таа.
Харвард оцени дека станува збор за чин на одмазда што може да предизвика голема штета на универзитетот.
„Акцијата на владата е нелегална. Ние сме целосно посветени на можноста Харвард да биде домаќин на меѓународни студенти и научници, кои доаѓаат од повеќе од 140 земји и неизмерно го збогатуваат универзитетот и оваа нација“, се вели во соопштението на универзитетот.
Републиканскиот претседател вложи вонредни напори да влијае врз приватните образовни институции низ целата земја за кои тврди дека поттикнуваат антиамерикански, марксистички и „радикално левичарски“ идеологии.
Фото- Wikimedia