Која нација троши најмногу пари на луксуз?

- Advertisement -

Било да станува збор за италијански Prada чанти од телешка кожа или класични карирани Burberry капути, Јужнокорејците се најголеми светски потрошувачи на лична луксузна стока по жител, велат од Morgan Stanley.

Оваа инвестициска банка процени дека вкупната потрошувачка на Јужна Кореја за луксузни стоки пораснала за 24% во 2022 година на 16,8 милијарди долари или околу 325 долари по жител. Тоа е многу повеќе од 55 или 280 долари по жител кои ги трошат кинеските, односно американските жители, покажуваат проценките на Morgan Stanley.

- Advertisement -

Амалитичарите од Morgan Stanley објансуваат дека побарувачката за луксузна стока меѓу јужнокорејските купувачи е резултат на зголемената куповна моќ, како и желбата да се покаже полошбата во општеството.

Изгледот и финансискиот успех може повеќе да привлечат купувачи во Јужна Кореја отколку во речиси сите останати земји, додаваат аналитичарите во извештајот. Покажувањето на богатството исто така е општествено прифатливо во корејското општество.

- Advertisement -

Податоците на Банката на Кореја покажуваат дека нето-вредноста на домаќинствата во земјата пораснала за 11% во 2021 година. Околу 76% од богатството на домаќинствата во Кореја е во недвижности, чија цена нагло пораснала од 2020 година досега. Инвестициската банка забележала и дека компаниите за луксузни стоки ангажирале и славни корејски личности за дополнително да ја катализираат продажбата.

Моментално годишната потрошувачка на луксузна стока по жител во Јужна Кореја и понатаму е 6 пати повисока од потрошувачката во кина. Глобално, McKinsey предвидува дека луксузниот пазар ќе расте од 5% до 10% во 2023 година, главно како резултат на побарувачката во САД и во Кина.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -