AirCar ги комбинира функционалностите на копнен автомобил и авион, со склопливи крилја и можност за полетување од пистата. Опремен со три опции за мотори, AirCar ќе чини помеѓу 800.000 и 1 милион долари, во зависност од конфигурацијата.
Словачката компанија „Клајн Вижн“ објави дека „ЕрКар“, првиот летачки автомобил во светот што ќе влезе во масовно производство, ќе се најде во продажба во првиот квартал од 2026 година. Овој двосед со изглед на спортски автомобил може да се движи и на копно и во воздух.
„ЕрКар“, кој ќе го произведува „Клајн Вижн“, ќе биде првиот масовно произведен летачки автомобил во светот.
Опремен со четири тркала и две склопливи крила, AirCar може да полета по забрзување по пистата. Пред полетувањето, крилата се отвораат за околу две минути, а по пристигнувањето на одредиштето, крилата се враќаат во каросеријата и возилото се префрла во копнен режим.
Klein Vision објави дека AirCar ќе се нуди со три опции за мотори: 280, 320 и 340 коњски сили. Почетната цена на возилото ќе биде 800.000 долари, но во зависност од опремата, може да достигне и до 1 милион долари.
AirCar користи обично течно гориво и може да се искачи на висина од околу 5.500 метри. Поминува околу 300 метри на пистата пред полетување, и може да достигне брзина од 200 км/ч, додека неговата брзина на крстарење е 250 км/ч.
Возилото успешно заврши повеќе од 500 полетувања и слетувања и изврши над 170 часа тест летови. Според соопштението на компанијата, работата на финалната верзија на AirCar сè уште е во тек, додека првиот лет на новиот прототип AirCar 2 се очекува во септември 2025 година.
Коосновачот на „Клајн Вижн“, Антон Зајац, изјави дека за во иднина е планирана електрична верзија на возилото, но дека во моментов се чека понатамошен развој на технологијата на батерии. Во 2022 година, „ЕрКар“ доби сертификат за пловидбеност во Словачка, што законски го направи подобен за комерцијален превоз на патници. Во исто време, владата на Велика Британија обезбеди 20 милиони фунти финансиска поддршка на Управата за цивилно воздухопловство за развој на летачки такси, а се очекува првото пилотирано летачко такси да лета над британското небо до 2026 година.
Според проценките на „Морган Стенли“, глобалниот пазар на летачки возила би можел да достигне вредност од 1 трилион долари до 2040 година, додека се очекува да порасне на дури 9 трилиони долари до 2050 година.
Извор – Blic.rs
Видео – https://www.klein-vision.com/