WiBotic PowerPad е безжична станица за полнење на дронови

- Advertisement -

Дроновите се одлични за многу намени, но сите тие додатоци како камерата и GPS трошат батерија. Доколку користите дрон само за фотографирање, не е никакво проблем, но доколку го користите за надгледување, за обезбедување или за достава, навистина смета кога постојано мроа да менувате батерии. За среќа, сега има безжична технологија за полнење.

WiBotic PowerPad е мала станица за слетување и полнење на батериите на дроновите, која може да се користи за речиси секаков ддрон. Од компанијата креатор велат дека платформата е отпорна на разни временски услови и ќе го олесни ракувањето со дронови на редовна база.

- Advertisement -

PowerPad може да служи и како станица за полетување на подолги летови. Доколку некој дрон треба да надгледува некоја територија, ќе може да се враќа на станицата и да се полни. Нема најава за цената, ни кога ќе биде достапне производот на пазарот, но има доста компании кои први ќе сакаат да го добијат.

- Advertisement -

(Engadget)

Сподели!
- Advertisement -