Американскиот претседател Доналд Трамп стави потпис на декрет со кој се оневозможува влезот на граѓани од 12 држави, објави Си-Би-Ес Њуз, цитирајќи извори од администрацијата.
На листата се наоѓаат седум африкански нации (Чад, Конго, Екваторска Гвинеја, Еритреја, Либија, Сомалија, Судан), четири азиски (Авганистан, Мјанмар, Иран и Јемен) и една северноамериканска (Хаити).
Дополнително, делумно ќе биде рестриктивно влегувањето за граѓаните од дополнителни седум земји: Бурунди, Куба, Лаос, Сиера Леоне, Того, Туркменистан и Венецуела.
“Претседателот Трамп го исполнува своето ветување за заштита на Американците од опасни странски актери кои сакаат да влезат во нашата земја и да им наштетат,” напиша на X портпаролката на Белата куќа, Абигејл Џексон.
Белата куќа објави дека забраните ги засегаат оние држави кои претставуваат “висок безбедносен ризик за САД”.
Споредлив чекор Трамп презеде и во неговиот прв мандат, кога прогласи забрана за влез на патници од седум земји со мнозинско муслиманско население.
Фото – Pxhere