Најновото дело на јужнокорејскит научници е хибридна нуклеарна батерија која користи радиоактивен извор и перовскajт за долготрајна, стабилна енергија – идеална за вселената, медицината и војската.
Истражувачите од корејскиот институт за наука и технологија DGIST ја развија првата практична следна генерација „бетаволтаична“ батерија. Оваа револуционерна нуклеарна батерија е добиена со користење на технологија која користи електрода со радиоактивен изотоп јаглерод-14, кој е директно поврзан со слој за апсорпција направен од перовскajт, напреден материјал познат по неговата висока ефикасност во конверзија на енергија.
Тимот инкорпорирал квантни точки базирани на јаглерод-14 во електродата и дополнително ја подобрил кристалната структура на перовскајтот со адитиви како MACl и CsCl, кои постигнале висока стабилност и исклучителна ефикасност на конверзија на енергија. Според истражувањето објавено во списанието Chemical Communications, новата ќелија постигнува до 56.000 пати поголема подвижност на електроните од постоечките системи.
Бетаволтаичните ќелии генерираат електрична енергија користејќи бета честички произведени за време на природното радиоактивно распаѓање. Иако теоретски се способни да работат со децении без одржување, тие досега беа ограничени поради проблеми со безбедното ракување со радиоактивни материјали и стабилноста на компонентите. Сепак, новата хибридна ќелија успева да ги надмине овие предизвици и нуди стабилно напојување дури и во екстремни услови, што ја прави идеална за вселенски мисии, медицински импланти и воена опрема.
При тестирањето ќелијата одржувала стабилно производство на енергија за време на континуирано работење девет часа. Професорот Су-Ил Ин, лидер на истражувањето, вели дека ова е првата вистинска демонстрација на практичната употреба на бетаволтаичните ќелии и дека се планира нивна комерцијализација и натамошна минијатуризација, пренесува SciTechDaily.
(Benchmark)