Шведски научници направија батерија на база на бетон која може да се полни

- Advertisement -

Замислете бетонска зграда од 20 ката да може да складира енергија како еден вид на џиновска батерија. Благодарение на уникатното истражување на шведски научници тоа може да стане реалност. Се поголемата потреба за одржливи градежни материјали претставува поголем предизвик за научниците, сепак двајца шведски истражувачи успеаја да го направат првиот концепт на батерија на база на бетон која може да се полни во светот.

За тоа откритие се заслужни д-р Ема Жанг и професорот Лупинг Танг, кои пред неколку години се здружија во потрагата по градежни материјали од иднината. Резултатот на нивната работа е концепт кој во себе содржи мешавина од бетон со мали количини кратки карбонски влакна додадени со цел да се зголеми проводливоста на бетонот и за да се зголеми неговата флексибилност при виткање.

- Advertisement -

Потоа во бетонот се поставува мрежа од карбонски влакна обвиткани со метал, односно со железо, кое служи како анода и никел, кој служи како анода. После доста експериментирање шведските научници дојдоа до функционален прототип.

Нивната бетонска батерија има просечна енергетска густина од 7 ват-часови по литар. Енергетската густина се користи за истражување на капацитетите на батеријата, а скромна проценка е дека батеријата на шведските научници, која ја претстави Универзитетот Чалмерс, може да има и над 10 пати подобри перформанси.

- Advertisement -

Една од најдобрите особини на бетонската батерија е тоа што може да се полни. Може да се поврзе со соларни системи и може да стане енергетски извор за надзорните системи на автопатиштата и на мостовите, каде што сензорите кои ги напојува батеријата мое да откријат корозија или пукање на материјалите, вели д-р Жанг.

(Eurek Alert)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -