Кинеска компанија ги наградува вработените за претрчани километри

- Advertisement -

Кинеската компанија за хартија Guangdong Dongpo Paper предизвика лавина од коментари кога воведе нов модел на наградување на вработените – бонус за километража.

Наместо традиционалниот паричен бонус на крајот од годината, вработените сега добиваат бонуси на плата врз основа на тоа колку трчале во текот на месецот.

- Advertisement -

Системот функционира вака:

Бонус од 130% за оние кои трчаат 100 километри месечно

- Advertisement -

Целосен бонус за 50 километри

Помал бонус за 30 километри

- Advertisement -

Компанијата користи апликации за следење на фитнесот за да го провери напредокот на вработените.

Претседателот на компанијата, Лин Жијонг, кој е познат по искачувањето на двете страни од Монт Еверест, изјави дека здравјето на вработените е клучно за успехот на компанијата.

„Здравите работници се основа на здрав бизнис, а оваа практика е долгорочна инвестиција во тимски дух и отпорност “, вели Лин.

Сепак, одлуката е дочекана со мешани критики. На кинеската социјална мрежа Weibo критичарите сугерираа дека целта од 100 км месечно е премногу напорна за просечниот работник. Корисниците изразија загриженост за потенцијални повреди, стрес и неправда кон постарите вработени или оние со здравствени ограничувања.

Некои се прашуваат – дали овој пристап е мотивација или форма на притисок? Иако компанијата сака да поттикне здрав живот и тимски дух, многумина предупредуваат дека на долг рок би можела да се соочи со незадоволство и отпуштање на вработените.

(Kamatica)

Сподели!
- Advertisement -