Huawei го претрка Apple – сега е втора најголема компанија во светот

- Advertisement -

Huawei граби напред со силни чекори кон целта за која од компанијата зборуваат веќе некое време. Сака да стане најголема мобилна компанија во светот и да доминираат со пазарот за паметни телефони. Се до неодамна тоа се чинеше речиси невозможно дека некоја компанија може да го раздрма дупополот на Samsung и Apple на пазарот, но по најавите на големите планови и заканите за водечката двојка, Huawei од квартал во квартал растеше и заземаше се поголем пазарен удел за во вториот квартал од годината да го престигне Apple.

Според податоците кои ги објавија од провајдерот на пазарна интелигенција IDC, Huawei во текот на овој квартал испорачал повеќе од 54 милиони телефони, додека Apple останал на 41,3 милиони продадени iPhone. Ова е прв пат од вториот квартал на 2010 година наваму Apple да не зазема една од првите две позиции на глобалниот пазар за паметни телефони.

- Advertisement -

На прво место и понатаму е Samsung, кој испорачал повеќе од 75 милиони телефони и во изминатиот квартал имал пазарен удел од 20,9%. Во истиот период Huawei постигнал раст од 40%, а Apple забележал незначителен пораст од 0,7% на продажбата. Најголем пораст на продажбата од првите пет позиции на листата забележал Xiaomi – испорачале 31,9 милиони телефони и забележале пораст од речиси 50%.

Сподели!
- Advertisement -