Лекот со дијабетес е живот со секојдневни инјекции со инсулин. Но, една напредна терапија со матични клетки успеа да излекува 10 од 12 лица (83%) во ново клиничко испитување. Во оваа студија биле користени лабораториски одгледувани клетки од панкреасните островчиња. Тие биле инфузирани во црниот дроб, каде што се населиле. Во рок од една година на повеќето учесници повеќе не им биле потребни инјекции со инсулин.
Една од највпечатливите придобивки била брзата превенција на опасно ниски нивоа на шеќер во крвта, наречени хипогликемија. Пред трансплантацијата сите учесници имле најмалку две епизоди на тешка хипогликемија во текот на претходната година. После трансплантацијата тие епизоди исчезнале кај сите учесници.
Ова се импресивни резултати, но што претставуваат терапиите со матични клетки? Како функционира третманот? Како се споредуваат со другите третмани? И кои се можните несакани ефекти?
Матичните клетки се клетки кои можат да се претворат во скоро секој друг тип на клетка. Главната придобивка е што научниците во лабораторијата можат да создадат точни клетки, оние потребни за лекување на болест и во посакуваната количина. Во случај на дијабетес тип 1, потребните клетки се панкреасните островчиња. Повеќето од клетките во овие островчиња произведуваат инсулин.
Лабораториски озгледаните клетки се инфузираат во телото. Вообичаено место е во вената на црниот дроб, каде што клетките се прикачуваат. Предноста тука е што инсулинот што се доставува кон црниот дроб работи многу подобро отколку, да речеме, веднаш под кожата. Ова е затоа што исклучувањето на прекумерното производство на гликоза во црниот дроб е примарното дејство на инсулинот за корекција на нивото на шеќер во крвта.
Во тековната студија функцијата на трансплантираните клетки, третман наречен XV-880, се подобрила во првите три месеци. Нивоата на гликоза во крвта биле подобро контролирани. Не била пронајдена тешка хипогликемија и се подобрил маркерот за производство на инсулин.
Во текот на првата година учесниците биле во можност да ја намалат количината на инсулин што ја земале, сè додека повеќето не биле ослободени од инсулински инјекции.
Кои се несаканите ефекти? Најголемата маана на овој нов третман е што сите учесници ќе треба да земаат имуносупресивни лекови до крајот на животот. Ова ќе ја намали способноста на имунолошкиот систем да ги препознава трансплантираните клетки и да ги отстранува. Ова го зголемува ризикот од инфекции и одредени видови рак. Тоа е затоа што имунолошкиот систем игра важна улога во отстранувањето на потенцијално канцерогените клетки.
Во оваа нова студија двајца учесници починале. По подетално испитување, нивната смрт не била поврзани со самиот третман. Повеќето учесници имале вознемирен стомак, со дијареја како најчест несакан ефект, кај 11 од 14 лица. Повеќе од половина имале и главоболки и гадење.
(The Conversation)
(фото: Flickr)