Opera претстави нов пребарувач за паметни телефони

- Advertisement -

Opera денес претстави нова верзија од својот пребарувач за персонални компјутери и новиот мобилен пребарувач Opera Touch, кој моментално е достапен само за корисниците на Android. Од Operа велат дека овие пребарувачи заедно ќе го сменат начинот на којшто сурфаме на Интернет, пренесува Zimo.

Најбитна новина кај веб верзијата на Operа е опцијата Instant Search. Внатре, односно над постојниот прозорец се отвора простор за пребарување, а откако корисниците ќе дознаат тоа што им треба, едноставно го затвораат тој прозорец и повторно се прикажува последно отворената страница.

- Advertisement -

Според анкетата која ја спроведе Opera меѓу корисниците, еден од најголемите проблеми при преарувањето е што мора постојано да се отвораат нови прозорци за пребарување некои термини или доколку се внесе новото пребарување во постојниот прозоре, се губат веќе најдените содржини. Новиот брз начин на пребарување ги решава тие проблеми затоа што откако ќе најдат тоа што им треба, корисниците можат да продолжат да сурфаат на истата страница на којашто пребарувале претходно.

Исто така, бидејќи денес корисниците отвораат по десетина табови одеднаш, често тешко се снаоѓаат и не можат веднаш да го најдат табот што им треба, а Instant Search го решава и тој проблем затоа што преку него може да се пребаруваат и отворените табови.

- Advertisement -

Што се однесува на Operа Touch, овој пребарувач за мобилни уреди е интересен затоа што носи еден голем новитет – FAB, односно Fast Action Button или копче за брза акција благодарение на кое многу корисници можат да сурфаат само со една рака. Со кликнување на тоа копче се отвораат неколку опции како пребарување, преглед на отворени табови и други контроли за пребарувачот.

Тоа значи дека со содржините може да се управува само со една рака, односно со палецот, што честопати е тешко на се поголемите телефони кои денес ги користиме, па мораме да ги држиме и со нив да управуваме со двете раце. Opera Touch го решава тој проблем.

- Advertisement -

Уште една интересна новина е Flow – опција која овозможува испраќање датотеки и линкови меѓу паметниот телефон и персонален компјутер, при што двата уреди мора да имаат инсталирано Operа. Opera Touch е достапна на Google Play и на своите уреди можат да ја преземат сите корисници на Android, додека на верзијата за телефоните и таблетите на Apple треба да се појави наскоро.

Сподели!
- Advertisement -