Популарниот гастрономски водич Taste Atlas вчера објави листа на која се наведени 100-те градови со најдобра храна, а на неа се најде и главниот град на Босна и Херцеговина. Од 17.073 градови во нивната база на податоци, врз основа на 477.287 валидни оценки за храна за 15.478 видови храна, овие 100 градови се издвојуваат со највисоки просечни оценки за регионалните и националните јадења што најчесто се служат таму.
Taste Atlas сака да препорача кои градови треба да ги посетите до крајот на годината ако сакате да уживате во храна. Неапол е на првото место со максимална оценка од 5.0, а следните три места ги зазедоа италијанските градови: Милано (4.96), Болоња (4.94) и Фиренца (4.83), додека Мумбаи, Индија (4.81) се најде на петтото место.
На шесто место е Рим со оценка 4.79, па следуваат Париз со 4.78, Виена (4.77), Турин, Италија (4.76) и Осака, Јапонија (4.74).
Сараево се најде на 46. место, со резултат од 4.48 и е пред другите градови во регионот. Кога станува збор за Хрватска, на листата се наоѓаат Загреб (59. место со резултат од 4,44) и Сплит (72. место со резултат од 4,41). Белград, исто така, е на листата, заземајќи го 68. место со резултат од 4,41.
Нешто подоцна, Taste Atlas објави и листа со 100 најдобри кујни во светот. Врз основа на 477.287 валидни оценки за 15.478 јадења во нашата база на податоци, овие кујни ги имаат добиено највисоките просечни оценки. На прво место се најде грчката кујна, со оценка од 4.60. На второ место е италијанската со 4.59, на трето е мексиканската со 4.52. Наредни се шпанската, португалската и турската кујна со оценка 4.50 и индонезиската со оценка 4.48.
(Taste Atlas)
(фото: Taste Atlas)