Холандија: Забраната на паметните телефони во училиштата придонесе за подобра средина за учење

- Advertisement -

Забраната на паметните телефони во холандските училишта ја подобри средината за учење, и покрај почетните стравувања и протести, покажа нова студија. Правилата воведени во јануари 2024 година препорачаа забрана на паметните телефони во училниците, а речиси сите училишта ги следеа, објави Гардијан.

Како што пренесува Танјуг речиси две третини од средните училишта им кажаа на своите ученици да ги остават своите телефони дома или да ги стават во своите шкафчиња во училиштето. Студијата, нарачана од холандската влада, покажа дека во средните училишта, 75 проценти од учениците рекле дека им е полесно да се концентрираат без своите телефони, додека 59 проценти од испитаниците рекле дека социјалната средина се подобрила, а 28 проценти рекле дека сега имаат подобри резултати во училиште.

- Advertisement -

Истражувачот од Институтот Констам, Александар Крепел, изјавил дека интеракцијата меѓу самите ученици се подобрила во најголема мера.

„За време на паузите, помеѓу часовите, учениците порано ги гледаа своите телефони, а сега се принудени да зборуваат“, истакна тој, додавајќи дека наставниците се исто така задоволни од подобрата атмосфера.

- Advertisement -

Портпаролката на Советот за средно образование, Фреја Сиксма, изјави дека на почетокот имало многу протести и прашања за тоа како сè ќе функционира, но сега сите се доста задоволни.

Министерката за образование во основните и средните училишта, Мариел Пол, истакна дека новите упатства помогнале во дисциплината во училниците. „Ако порано некои наставници сакаа да ја забранат употребата на мобилни телефони на часовите, секогаш ќе имаше дискусија“, истакна таа, додавајќи дека сега такво нешто не постои.

- Advertisement -

Како што наведува статистичката служба на Холандија, речиси 96 проценти од децата користат интернет секој ден, првенствено преку мобилни телефони. Минатата година, холандската преодна влада им советуваше на родителите да ги забранат социјалните мрежи за деца под 15 години и да го ограничат времето поминато онлајн, потсети Гардијан.

Фото – Wallpaper Flare

Сподели!
- Advertisement -