Скопје Мериот Хотел го доби сертификатот за платинум статус во однос на грижата и придонесување кон благосостојбата за своите вработени и соработници. Сертификатот и статусот платинум, што е највисоко ниво на создавање поволности, се добива врз основа на оценување на параметрите за лидерство, предизвици за создавање благосостојба, здрава исхрана и физичка активност, грижа за образование и здравствената состојба.
„Стекнувањето со овој сертификат значи дека Скопје Мериот хотел ги поддржува основните вредности на Мериот, се грижи за своите вработени и соработници и уште континуирано презема чекори за да ја унапреди атмосферата, а хотелот да биде посреќно и поздраво место за работа. Она што е исто така важно, а овој статус го носи, е тоа што создавањето среќна и задоволна внатрешна атмосфера во хотелот е само еден чекор од совршената услуга кон нашите гости и придонесување кон создавањето позитивно искуство од престојот кај нас“, изјави Роузан Чечењан, директор за човечки ресурси во Скопје Мериот.
Сертификацијата на хотелите за создавање поволни услови е годишна програма за признавање на Мериот која ги наградува хотелите и нивните напори за промовирање на сите области каде е постигната здрава и среќна средина за вработените. Во изборот учествуваат сите 1.600 Мериот хотели глобално од 1.229 локации низ светот, а само 630 хотели го добиле сертификатот платинум.