Две големи странски компании ја напуштаaт Македонија?!

- Advertisement -

Две големи странски компании со значителен број на вработени најавија дека ќе ја напуштат Македонија, што отвора сериозни прашања за стабилноста на индустрискиот сектор и привлечноста на земјата за странски инвестиции.

Според најновите информации, американската компанија „Aptiv“ ќе ја затвори својата фабрика во Скопје најдоцна до крајот на 2026 година. Компанијата, која произведува електронски компоненти за автомобилската индустрија, веќе почнала со процес на постепено намалување на обемот на работа и прераспределба на производството кон други држави.

- Advertisement -

Покрај неа, „Dura Automotive Systems“, исто така американска фирма, објави дека ќе го прекине своето производство во Македонија. Причината, според извори од индустријата, е откажување на нарачки од главниот клиент, што довело до финансиски притисок и невозможност за одржување на тековните производствени капацитети.

Двете компании заедно вработуваат над илјада лица, што значи дека нивното заминување ќе има директно влијание врз пазарот на трудот и локалната економија, особено во зоните каде што се сместени.

- Advertisement -

Економските аналитичари предупредуваат дека ова е дел од поширок тренд на повлекување или реструктурирање на странски инвестиции во земјата. Последната анкета на Советот на странски инвеститори покажува дека само 43 проценти од инвеститорите би се одлучиле повторно да вложат во Македонија, што ја сигнализира загриженоста за деловната клима, регулативата и инфраструктурата.

Заминувањето на „Aptiv“ и „Dura Automotive Systems“ е удар за домашната индустрија и дополнителен предизвик за владата, која во последните години вложува во привлекување нови инвестиции преку технолошко-индустриските развојни зони.

- Advertisement -

(Бизнис вести)

Сподели!
- Advertisement -