Развиена иновативна техника со која може да се види внатрешноста на вулканите

- Advertisement -


Фотографирањето на вулканите одвнатре до неодамна беше невозможно, но новите технологии ни даваат увид во кратерот од лава. Така, научници од Францускиот национален центар за научни истражувања (CNRS) и Парискиот институт за планетарна физика (IPGP) развија иновативна техника на снимање што овозможува невиден увид – како изгледа вулканот одвнатре – до длабочина од 10 километри, со резолуција од само 100 метри.

Овој метод, инспириран од медицинското снимање и оптичките микроскопи, е подобрување на постоечката техника позната како „матрично снимање“. Неговата предност е што овозможува анализа на сеизмичките бранови и нивните патеки низ Земјината кора и вулканските структури, дури и кога се достапни само неколку сеизмографи (геофони).

- Advertisement -

Вулканот Ла Суфриер во Гвадалупе, чија сензорска мрежа е доста ретка, беше избран за тестирање на методот. Сепак, користејќи сложена математичка обработка и таканаречениот ефект на меморијата – начин за реконструкција на искривени сеизмички бранови – научниците успеале да ги „исчистат“ податоците и да добијат појасна слика за внатрешните слоеви на вулканот.

Она што го откриле се сложени магматски резервоари, поврзани со длабоко вкоренети геолошки структури. Ова знаење би можело значително да придонесе за попрецизно предвидување на вулканските ерупции, што во некои делови од светот би можело да спаси многу животи.

- Advertisement -

Една од клучните предности на овој метод е тоа што не бара дополнителни сензори, туку работи со постојните податоци. Затоа, научниците веруваат дека „матричното снимање“ би можело да стане револуционерна алатка во проучувањето и моделирањето на вулканските системи низ целиот свет.

(Science Alert)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -