Социјалните медиуми влијаат на односот меѓу родителите и децата – еве како да го промените тоа

- Advertisement -


Научниците, експертите за развој на децата, па дури и лекарите, сè повеќе предупредуваат на штетните ефекти од предвремената употреба на паметни телефони кај децата. Додека некои нагласуваат дека децата не треба да добиваат паметен телефон пред да тргнат на училиште, други нагласуваат дека воопшто не треба да бидат изложени на екрани до двегодишна возраст.

Но, предупредувањата се едно, а реалниот живот е друго и сепак, можеби треба да застанеме и да слушнеме што имаат да кажат експертите.

- Advertisement -

Ново истражување сугерира дека користењето на социјалните медиуми има значително влијание врз интеракциите родител-дете. Дури и кога родителите не зјапаат во екранот на телефонот. Истражувањето, кое беше презентирано на Меѓународниот научен конгрес за дигитални медиуми и развој на умови, го спроведе докторантката Лиз Робинсон од Универзитетот во Алабама.

Нејзините резултати покажале дека мајките кои поминуваат повеќе време на социјалните мрежи разговараат помалку со своите деца. Проблемот е што тие разговараат помалку со своите деца дури и кога не користат социјални медиуми. Студијата покажала дека мајките кои повеќе ги користат социјалните медиуми (во просек 169 минути на ден) разговараат за 29% помалку со своите деца кога си играат. Интересно е што користењето мобилен телефон или компјутер за проверка на е-пошта, читање вести и слично немало никакво влијание врз интензитетот на разговорите.

- Advertisement -

Иако оваа студија сè уште не е рецензирана или официјално објавена, резултатите не ги изненадија другите експерти. Мајките кои учествувале во студијата биле физички присутни во истиот простор со своите деца, но нивните умови биле на друго место.

Што можат да направат родителите за да ја променат оваа ситуација? Експертите велат дека решението е едноставно – разговарајте повеќе со вашите деца. Учењето на говорот и јазикот е многу важно за оптимален развој на детето, велат тие и додаваат дека поголемата изложеност на јазикот го подобрува развојот на мозокот, успехот во училиште, комуникациските вештини и развојот на вокабуларот.

- Advertisement -

Комуникацијата за време на играта меѓу родителите и децата е клучна за социјалниот и емоционалниот развој, помага во развојот на извршните функции, ја зголемува концентрацијата и им помага да ги регулираат своите емоции. Децата се свесни што и колку гледаат нивните родители, а преку ова учат што е важно во животот. Ако вниманието на родителите е постојано насочено кон нивниот паметен телефон, им кажуваме на децата дека во тој момент тој уред е поважен од нив, истакнува Робинсон.

Токму затоа родителите треба да донесат свесна одлука и да бидат ментално присутни во периодот кога поминуваат време со своите деца.

Робинсон им советува на родителите да одредат време во денот кога ќе им го посветат целосното внимание на своите деца. Иако ова често е тешко да се одреди поради обврски и работа, понекогаш 15 минути фокусирање на детето и неговите потреби е доволно.

Затоа, одредете време кога ќе го оставите телефонот и ќе го ставите во друга соба и ќе се посветите на вашето дете и неговите потреби. Социјалните медиуми ќе бидат на истото место дури и кога вашето дете ќе заспие или ќе си игра со своите врсници.

(CNN)

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -