Во Бразил ќе се реализира најголемиот проект за пошумување во светот – 73 милиони дрвја

- Advertisement -

Организацијата Conservation International сака да посади 73 милиони дрвја во бразилски Амазон во рамките на најголемиот проект за пошумување во светот. Во Бразил ќе бидат посадени дрвја со цел да се надоместат околу 300.00 хектари шума.

„Доколку светот ги исполни целите од Парискиот климатски договор, тогаш заштитата на тропските шуми ќе мора да биде голем дел од тоа. Не се битни само дрвјтата, туку видовите дрвја. Доколку сакаме да го исчистиме јаглерод диоксидот од воздухот, тогаш тропските шуми се најбитни за таа цел“ вели извршниот директор на Conservation International, господин Санџајан.

- Advertisement -

Доколку се прекине со обесшумувањето, околу 37% од вкупната количина СО2 од воздухот ќе ги апсорбираат дрвјата. Сепак, научниците сметаат дека во наредните две декади ќе бидат исечени 20% од шумата во Амазон. За да се борат против обесшумувањето од Conservation International употребуваат нови ефикасни техники на шошумување кои може да се применат секаде во светот.

Методот кој се користи за пошумување во Аазон се вика „мувука“, што на португалски значи многу луѓе во мал простор. Со методот „мувука“ на мала површина се оставаат семиња на стотици видови дрвја и се остава природната селекција да го заврши своето.

- Advertisement -

Според една студија од 2014 година на Организацијата за храна и земјоделство и Biodiversity International  повеќе од 90% од видовите дрвја кои се специфични за некој регион преживуваат со методот „мувука“ и потоа можат да издржат и многу сушни периоди. Со типичниот начин на пошумување на еден хектар се садат околу 160 стебла, додека со „мувука“ се садат 2.500 стебла, а по 10 години тој број ќе се зголеми на 5.000 стебла.

(Inhabitat)

Сподели!
- Advertisement -