Илон Маск повторно ги помести границите, отворајќи го првиот ресторан под покровителство на неговата компанија Tesla.
Станува збор за ресторанот Tesla Diner and Druve-in во Холивуд, кој комбинира кетеринг со инфраструктура за електрични возила. Она што го издвојува е уникатниот концепт, каде што гостите можат да уживаат во оброк додека нивните автомобили Tesla се полнат на паркингот.
Наместо хостеси, гостите на вратата од ресторанот ги пречекува робот Tesla Optimus, на кој Маск е особено горд. На денот на отворањето пред објектот се формираше долга редица, што го израдува и го охрабри Маск, сигнализирајќи голем јавен интерес.
Ресторанот има дури 80 станици Tesla Supercharger од четврта генерација за полнење електрични автомобили. Додека чекаат возилото да се наполни, посетителите можат да нарачаат класични бургери или хот-догови, како и да гледаат филм на екран од 540 инчи.
Секако, и оние кои немаат електричен автомобил можат да вечераат во ресторанот, бидејќи објектот има капацитет од 250 седишта. Посебна погодност е доставата на храна директно до местото каде што е паркирано возилото за полнење. Оброците се нарачуваат преку апликација во возилото.
Засега, Елон Маск нема планови да отвори уште еден ресторан од ваков тип, но доколку овој објект се покаже како успешен и профитабилен, сосема е сигурно дека ќе се сврти и кон овој бизнис. Во тој случај тој не би се ограничил на американскиот пазар, туку последователно би отворил ресторани во поголемите градови низ целиот свет.
(Kamatica)
(фото: YouTube )