Ново истражување открива алармантна врска меѓу загадениот воздух и крварењето во мозокот

- Advertisement -

Загадувањето на воздухот тивко го загрозува здравјето на мозокот со зголемување на ризикот од фатални крварења во мозокот три до шест месеци по врвот на изложеноста.

Ново американско истражување од загадената област Васач Фронт во Јута открива како микроскопските честички во воздухот можат да ги ослабнат крвните садови во мозокот, што може да доведе до опасни руптури и крварење. Студија на 70 пациенти хоспитализирани поради аневризмална субарахноидална хеморагија покажало зголемување на крварењата во мозокот три до шест месеци по врвот на загадувањето на воздухот.

- Advertisement -

„Откривме дека овие пациенти имале повисоки стапки на пукање на аневризма три до шест месеци по врвот на нивото на загадување на воздухот“, вели неврохирургот Роберт Ренерт од Универзитетот во Јута.

Истражувањето се фокусирало на загадувачи како што се озон, азот диоксид, сулфур диоксид, јаглерод моноксид и PM2.5 (честички помали од 2,5 микрометри), кои предизвикуваат воспаление и оштетување низ целото тело.

- Advertisement -

Загадувањето на воздухот годишно предизвикува околу 8 милиони смртни случаи низ целиот свет. Гореспоменатиот Васач Фронт, опкружен со планини и езерото Јута, ги заробува овие загадувачи, влошувајќи ја изложеноста.

По прилагодувањето за годишните времиња, температурата и притисокот, имало значително зголемување на мозочните крварења по високите нивоа на PM2.5 честички. Иако причинско-последичната врска не е докажана, авторите на истражувањето, кое е објавено во списанието NPJ Clean Air, претпоставуваат дека долготрајната изложеност на загадување ги ослабува крвните садови во мозокот, предизвикувајќи воспаление и оштетување на ДНК.

- Advertisement -

Потребни се идни студии за тоа како изложеноста на PM2.5 влијае на локалните воспалителни или клеточни промени за подобро да се дефинира оваа поврзаност, предупредуваат авторите на студијата.

Загадувањето, исто така, ги влошува ефектите од екстремната топлина и сериозноста на болеста COVID-19.

Реперт препорачува охрабрување на користењето на јавниот превоз, спроведување построги дневни квоти за загадување и проширување на финансирањето за истражувања за животната средина за намалување на овие ризици.

(Science Alert)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -