Призведена првата машка нехормонална контрацептивна таблета

- Advertisement -

Додека таблетите за женска контрацепција се достапни од 60-тите години на минатиот век, машката верзија никакво да стигне на пазарот. Последните години направен е напредок со таблети кои влијаат на тестостеронот и на другите хормони за да се намали создавањето на сперма, но идеални би било тие да бидат нехормонални за да се намалт физиолошките или бихејвиоралните нуспојави.

Нова студија предводена од истражувачи од Универзитетот Минесота го истражува протеинот наречен RAR-α (RAR-alpha), кој ги прави стерилни глувците. Тие испитале околу 100 комбинации за да откријат колку добро можат да го инхибираат RAR-α во клетките и на крајот се одлучиле на една комбинација наречена YCT529. Таа комбинација го инхибирала RAR-α околу 500 пати повече отколку што влијаел на другите два сродни протеини RAR, што би требало да ги намали потенцијалните нуспојави.

- Advertisement -

Бројот на сперматозоиди кај живтотните на кои ги правеле испитувањата се намалил значително, а лекот се покажал 99% ефикасен во спречување бременост. Тимот не забележал некакви нуспојави, а што е најбитно, лекувањето било реверзибилно, што значи дека глувците успешно имале потомство од 4 до 6 недели после прекинувањето на контрацепцијата.

Засега нема гаранции дека резултатите би биле исти и кај луѓето, но клиниките испитувања треба да почнат до крајот на оваа година, па се надеваме дека наскоро ќе знаеме дали оваа формула е најефикасната и најбезбедната за машка контрацепција.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -