Инфлацијата ja поскапи храната во САД

- Advertisement -

Инфлацијата во САД во јули се зголеми за 2,7 проценти на годишна основа, исто како и во јуни, со поголем пад на цената на бензинот и нешто поблаги зголемувања на цените на електричната енергија, гасот и храната, според извештајот на Министерството за труд на САД во вторник.

Кога се исклучуваат енергијата и храната, потрошувачките цени во јули беа за 3,1 процент повисоки отколку во истиот месец минатата година. Во јуни, основната инфлација беше 2,9 проценти. Бензинот поевтини во јули, за 9,5 проценти, значително повеќе отколку во јуни, кога беше за 8,3 проценти поевтин отколку пред една година. Цената на гасот за домаќинствата се зголеми за 13,8 проценти во седмиот месец од оваа година, нешто поблаго отколку во претходниот месец. Електричната енергија, исто така, поскапе, за 5,5 проценти во споредба со минатогодишниот јули, исто така малку поблага отколку во претходниот месец.

Храната беше за 2,2 проценти поскапа отколку пред една година, откако нејзините цени беа повисоки за 2,4 проценти во јуни. Цените на новите возила на годишно ниво беа повисоки за 0,4 проценти, а на половни автомобили и камиони за речиси пет проценти.

Месечната споредба покажува зголемување на потрошувачките цени во јули од 0,2 проценти, што е за 0,1 процентен поен пониско отколку во јуни. Цените на бензинот паднаа за 2,2 проценти во споредба со јуни, кога се зголемија за еден процент. Бензинот, исто така, поевтини, за 0,9 проценти во споредба со јуни, кога беше поскап за 0,5 проценти. Електричната енергија стана малку поевтина во споредба со јуни, кога беше поскапа за 1 процент, според податоците од министерството.

- Advertisement -

Храната, исто така, беше малку поевтина, откако во јуни се зголеми за 0,3 проценти на месечна основа. Без енергетиката и храната, базичната инфлација изнесуваше 0,3 проценти и беше за 0,1 процентен поен повисока отколку во јуни.

Цените на транспортните услуги се зголемија на месечна основа за 0,8 проценти, по зголемувањето од 0,2 проценти во јуни. Цените на половни автомобили и камиони исто така се зголемија, за 0,5 проценти во споредба со јуни, кога беа намалени за 0,7 проценти во споредба со претходниот месец, според пресметките на министерството.

- Advertisement -

Фото – Needpix

Сподели!
- Advertisement -