Од денеска на сила новите, поскапи патарини во Србија

- Advertisement -

Цените на патарините во Србија од денеска се за 12% повисоки. Како што објави објави јавното претпријатие „Патишта на Србија“, според новиот ценовник на автопатот Белград-Ниш, во зависност од категоријата на возилата, ќе се наплаќа патарина од 450 до 5.410 динари или од 3,8 евра до 45,8 евра.

Од Ниш до Димитровград патарината ќе чини од 210 (1,7 евро) до 1.250 динари (10,6 евра), на делницата Белград-Суботица ќе се плаќа од 320 (2,7 евра) до 3.740 динари (29,4 евра), а од Белград до Шид ќе се плаќа од 410 (3,4 евра) до 2.530 динари (21,4 евра).

- Advertisement -

Од Ниш до Прешево, патарината ќе чини од 600 (5 евра) до 3.630 динари (30 евра).

Цената на патарините во Србија, според објаснувањето на владата, се зголемува за да се одржи понатамошното градење и одржување на патиштата и делумно да постигне усогласување со Директивата на Европската Унија, во која се предвидува дека патарината треба да обезбеди реални трошоци за одржување, развој и изградба на автопати.

- Advertisement -
Министерот за финансии, Синиша Мали, рече дека 2019 година е клучна и можеби најважна за развојот на инфраструктурата во последните 70 години.

Мали рече дека работи на изградбата на таканаречениот моравски коридор долг 110 километри, кој ги поврзува Чачак, Краљево, Крушевац, Појате и кој е важен за понатамошниот развој на Централна Србија, и дека ќе почне да гради четири или пет нови автопати.

Тој додаде дека на српските патишта има повеќе автомобили, тврдејќи дека во 2018 година поминале 53.800 возила, што е за 45 отсто повеќе отколку во 2014 година.

Сподели!
- Advertisement -