На 20 август завршува уште едно блескаво издание на „Охридско Лето“ – фестивал кој веќе 65 години ја збогатува македонската културна сцена и го претвора Охрид во вистинска престолнина на уметноста. И оваа година, Виталиа беше дел од оваа исклучителна приказна, како верен партнер и поддржувач на нашето културно наследство.
Фестивалот започна со впечатливото отворање „Трансформација на сетилата“ во изведба на Македонската филхармонија, а ќе заврши со моќната претстава „Приказната за Електра“ од Сашо Димоски и во режија на Дејан Пројковски. Во текот на сите фестивалски денови, врвни уметници од земјата и светот го споделија својот талент со публиката, создавајќи моменти кои остануваат долго во сеќавање.
За време на сите настапи, Виталиа им обезбеди на изведувачите пакети со функционална и здрава храна: новиот Protein Trail Mix, протеинска гранола, премиум протеин барови и Raw барови – внимателно селектирани за енергија, издржливост и инспирација.
„Со гордост ја поддржуваме уметноста што нѐ инспирира и обединува. Виталиа верува дека здравата храна е дел од силата што стои зад секоја извонредна изведба, исто како што културата е силата што нѐ поврзува сите нас“ – велат од компанијата.
„Охридско Лето“ е повеќе од фестивал – тоа е симбол на континуитет, креативност и заедништво. Неговиот успех е доказ дека уметноста која вреди ќе живее и ќе расте, сѐ додека постојат луѓе и компании што ја негуваат. Виталиа останува токму таков партнер – верен на културата, традицијата и убавината што ја прават Македонија побогата и посветла.





