Labubu куклата му донесе на својот сопственик профит од речиси 600 милиони евра

- Advertisement -

Кинеската компанија Pop Mart, производител на популарните кукли Labubu, објави извонредни деловни резултати. Имено, само во првата половина од 2025 година нето добивката на компанијата се зголемила за дури 396,5% во споредба со претходната година, додека приходите забележале скок од 204,4%.

Овој успех довел до зголемување на акциите на Pop Mart за повеќе од 200% од почетокот на годината. Пазарната вредност на компанијата сега е поголема од традиционалните гиганти во индустријата за играчки, како што се Mattel, производителот на куклите Barbie и јапонскиот Sanrio, сопственик на брендот Hello Kitty.

- Advertisement -

Популарноста на куклите Labubu дополнително се зголеми со поддршката на познати личности, вклучувајќи ја поп-пејачката Ријана, поранешниот фудбалер Дејвид Бекам и пејачката Лиза од јужнокорејската група Blackpink.

Продажбата на куклите Labubu генерираше 4,81 милијарди јуани (околу 575 милиони евра) во првата половина од 2025 година, што претставува 34,7% од вкупните приходи на Pop Mart. Компанијата вели дека куклите се распродадени низ целиот свет, а извршниот директор, Ванг Нинг, објави дека продажбата ќе надмине 10 милиони единици дневно од септември натаму.

- Advertisement -

(Kamatica)

(фото: Devian Art)

Сподели!
- Advertisement -