Кина ќе врши директна испорака на електричните автомобили до дома

- Advertisement -

Кинеската автомобилска индустрија зададе нов удар на европскиот пазар со воведување директна испорака на електрични автомобили од врата до врата.

Досега, европските клиенти мораа да поминат низ сложени царински процедури и да го подигнат возилото на пристаништето. Сега, благодарение на платформата China EV Marketplace, тие едноставно можат да нарачаат автомобил преку интернет, а компанијата се грижи за целата потребна документација и организира испорака.

- Advertisement -

Јакуб Гершл, извршен директор на China EV Marketplace, за CarNewsChina.com изјави дека ова е прв пат европските клиенти да нарачаат електричен автомобил директно од Кина и да им биде доставен на домашна адреса.

Според компанијата, во првата половина од годината продале 7.000 возила низ целиот свет, што е зголемување од 66% во споредба со претходната година. Растот на продажбата е главно поттикнат од побарувачката за plug-in хибридни модели, со оглед на тоа што целосно електричните возила можат да бидат предмет на царини до 35% во Европската унија.

- Advertisement -

Иако се популарни во Кина, таканаречените електрични возила со продолжен дострел (EREV) речиси исчезнаа од пазарот бидејќи ЕУ ги класифицира во истата категорија како чисто електрични модели, што ги прави предмет на високи царини.

Додека продажбата на кинески електрични возила на американскиот пазар нагло опадна, во Европа се забележува спротивен тренд. Според извештајот на Jato Dynamics, кинеските производители ја зголемиле својата продажба за 111% во мај оваа година, достигнувајќи 65.808 регистрирани автомобили. Ова претставува 5,9% од европскиот пазар, додека една година претходно нивниот удел беше само 2,9%.

- Advertisement -

Клучното прашање е до кој степен директната испорака ќе влијае на куповната моќ на европските потрошувачи. И покрај трговските војни, Кина очигледно зазема сè поголем дел од пазарот на автомобили на Стариот континент.

(CarNewsChina)

Сподели!
- Advertisement -