До 2100 година 287 милиони луѓе во светот ќе бидат погодени од поплави

- Advertisement -

Истражување објавено во весникот Scientific Reports откри дека повеќе од 4% од популацијата во светот може да биде изложена на сериозни поплави до крајот на овој век. Студијата била инспирирана од постојаното покачување на крајбрежните поплави во светот, а се надоврзува на Меѓувладиниот панел за климатски промени. Моментално околу 148 милиони луѓе ширум светот доживуваат поплави, но тој број може да се зголеми речиси дупло на 287 милиони до 2100 година. Повеќето од поплавите се поврзани со покачувањето на нивоата на морињата и океаните поради топењето на глечерите.

Студијата открила дека ако не се преземат мерки за контролирање на емисијата на стакленички гасови, дополнителни околу 77 милиони луѓе ќе бидат изложени на поплави во наредните 80 години. Сепак, и да се преземат мерки за да се намали емисијата на стакленички гасови, глобалното затоплување може да продолжи да расте со стапка од 1,8 степени Целзиусови. Тоа значи дека дополнителни околу 54 милиони луѓе ќе бидат изложени на поплави на крајот на векот. Ефектите од покачените поплави ќе се влошуваат со тек на време. Во најлошото сценарио крајбрежнуите региони вредни 14,2 трилиони долари ќе бидат поплавени на крајот на векот, што е еднакво на 20% од глобалниот БДП.

- Advertisement -

Причините за зачестените поплави во крајбрежните делови се глобалното затоплување предизвикано од човечки фактор, се почестите бури и високите плими. Како што се качуваат глобалните температури, се повеќе лед се топи и се покачуваат на нивоата на морињата. Но, студијата индицира дека дури и ако се преземат некакви активности, нема да се стопираат екстремните поплави. Во извештајот се предупредува дека до 2050 година ќе се зголеми интензитетот на големите поплави, па поплави кои се случувале еднаш на 100 години сега ќе се случуваат еднаш на 10 години.

Студијата идентификува некои региони како најподложни на покачување на нивото на морето. Меѓу областите со најголема веројатност за загриженост се југористочна Кина, северна Австралија и Бангладеш, како и Гуџарат и Западен Бенгал во Индија. Во САД, Северна Каролина, Мериленд и Вирџинија се идентифкувани како најизложени. Други земји кои може да бидат погодени од поплави се Франција, Германија и Обединетото Кралство.

- Advertisement -

(Inhabitat)

(фото: Maxpixel)

Сподели!
- Advertisement -