Минатата недела, во Берлин беше отворен најскапиот автопат во Германија, пишуваат германските медиуми По 12 години изградба, првите автомобили поминаа низ делницата од 3,2 километри што ги поврзува раскрсницата Нојкелн со раскрсницата Трептов.
Новата делница од градскиот автопат во Берлин А100, со трошоци за изградба што надминуваат 720 милиони евра, е најскапата делница од автопатот во Германија. Ова значи дека се потрошени 225 милиони евра по километар, пишува списанието Феникс.
„А100 е главната артерија на нашиот град – оваа делница ќе го намали притисокот врз станбените области“, рече градоначалникот на Берлин, Каи Вегнер. Сега автопатот ја поврзува раскрсницата Нојкелн со паркот Трептов и делумно се протега низ тунелот.
Целта на изградбата беше да се подобрат врските со Источен Берлин и во исто време да се намали застојот на улиците во центарот на градот. За таа цел, изградени се 25 нови мостови, инсталирани се модерни звучни бариери и базени за задржување на атмосферски води.
Се користи и сончева технологија, која според Autobahn GmbH заштедува околу 84 тони CO2 годишно. Се очекува дека во иднина, до 180.000 возила ќе патуваат низ новата делница дневно.
Фото – Wikimedia