Кинеската влада планира масовно производство на хуманоидни роботи до 2025 година

- Advertisement -

Кинеската влада се залага за масовно производство на хуманоидни роботи и очигледно сака тоа да го реализира во многу кратка временска рамка. Како што објави South China Morning Post, Министерството за индустрија и информатичка технологија го повикало производниот сектор да воспостави систем за иновации за хуманодини роботи, да го забрза револуционизирањето на неколку клучни технологии, како и да осигура безбедна и ефикасна достава на клучните компоненти до 2025 година, со цел цемјата да стане глобален лидер во оваа технологија до 2027 година.

Ова министерство специјално се залага за развој на оваа индустрија и аплеира хуманоидните роботи да може да се користат во сериозни и опасни услови, но не прецизира какви услови. Иако, ако се земе предвид дека досеха земјата применуваше роботи пожарникари и полицајци, примената на новите роботи би била повеќе инфраструктурна, а не воена.

- Advertisement -

Сепак, САД и Кина се тркаат кој попрво ќе направи т.н. роботи убијци и роботи авиони, со кои ќе се борат едни против други. Но, кога станува збор за развојот на хуманоидните роботи војници, САД се уште е далеку понапред од Кина.

(Futurism)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -