Вселенскиот телескоп Џејмс Веб на НАСА повторно ги надмина сите очекувања. Вчера, НАСА го објави своето спектакуларно видео, во кое светат илјадници млади ѕвезди. Станува збор за сцена од блиското „родно место на ѕвездите“, оддалечено 5500 светлосни години од Земjaта.
Покрај младите ѕвезди со различни големини и бои, фотографијата открива облак од прашина и гас во кој се формираат ѕвездите. Тој облак, таканаречената маглина Јастог, е толку огромен што се протега надвор од видното поле на камерата. Група многу млади ѕвезди, наречена Писмис 24, се наоѓа длабоко во неговата внатрешност.
Веб, најголемиот и најмоќниот телескоп некогаш испратен во вселената, беше лансиран во 2021 година. Му беа потребни повеќе од пет часа за да ја направи оваа фотографија. Тој го набљудува универзумот во инфрацрвениот спектар, што му овозможува да продира низ вселенската прашина и да сними сцени од раѓањето на ѕвездите.
Растојанието до маглината е 5500 светлосни години, каде што една светлосна година е околу 9,46 милијарди километри.
(Index.hr)