Вашето утринско кафе е направено со 140 литри вода

- Advertisement -

Наредниот пат кога ќе пуштите вода и ќе го наполните ѓезвето за да направите кафе, размислете колку е битна водата за нашиот живот. Иако сме свесни за тоа колку вода пиеме, колку вода трошиме при туширање и перење алишта, она што е помалку очигледно е колку вода трошиме за производство на она што го јадеме, што го облекуваме итн.

Според Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации, за една шолја кафе потребни се 140 литри вода за одгледување, обработка и транспорт на кафето. Иако водата можеби не е она за што размислуваме кога ќе појдеме во продавница да купиме зеленчук и овошје, овој битен ресурс е клучната состојка во најголем дел од храната која ќе се најде во нашата корпа.

- Advertisement -

Наводнувањето на земјоделските површини троши 70% од водата која се троши во светот. Месото и живината се прехранбени продукти за кои се троши најмногу вода, исто како и за јаткастите плодови. За еден килограм говедско месо годишно се трошат 15.415 литри вода, и тоа најмногу се троши за прехрана на животните.

За производство на овошје, пак, се троши помалку вода. За едно јаболко годишно се трошат 70 литри вода. Но, ако зборуваме за една чаша сок од јаболко, на пример, се трошат 190 литри вода годишно. Сепак, земјоделството не е единствената индустрија која е многу зависна од водата.

- Advertisement -

Според еден извештај од 2017 година, модната индустрија годишно троши огромна количина вода – со водата што ја троши модната индустрија за една година може да се наполнат 32 милиони олимписки базни за пливање. А се проценува дека потрошувачката на таа индустрија ќе се дуплира до 2030 година.

На пример, за производство на една маичка со кратки ракави се трошат 2.720 литри вода, а за еден пар фармерки се трошат дури 10.000 литри вода.

- Advertisement -

Бидејќи нашата планета нема неограничени извори на вода, количината вода која моментално се троши за индустријата, за производството и за консументите не е одржлива на подолг рок, особено имајќи предвид колку брзо се зголемува популацијата на Земјата. Според Институтот за светски ресурси, до 2050 година на Земјата ќе има 9,8 милијарди луѓе и драстично ќе се зголеми потребата за ресурси.

Сподели!
- Advertisement -