IThink Академија го најавува својот oтворен ден под мотото „Start IThinking“, кој ќе се одржи на 18 септември (четврток), со почеток во 18:00 часот во просториите на Авенга Академи.
Настанот е наменет за деца од 8 до 14 години и нивните родители, со цел да се запознаат со програмата на Академијата и да се претстави уникатниот пристап во едукацијата преку технологија и игра. За истиоит можете да се пријавите на следниот линк
Присутните ќе имаат можност да:
- Дознаат што се изучува на трите нивоа на програмата на IThink Академијата.
- Видат како Академијата ги охрабрува децата да размислуваат логички и креативно.
- Добијат одговори на сите прашања директно од тимот на Академијата.
За време на настанот, децата ќе учествуваат во активности со роботи и интерактивни квизови, со што на забавен начин ќе се запознаат со вештините кои се развиваат во рамки на Академијата.

За IThink Академијата
IThink Академија е прва ИТ академија за деца во Македонија, која преку практични задачи и проекти ги воведува учениците во светот на технологијата, дизајнот и иновацијата. Програмата ги опфаќа основите на ИТ, дизајн, веб-страници, програмирање и роботика, а напредните модули вклучуваат веб-дизајн, 3D дизајн и креирање игри. Учениците во завршните нивоа имаат можност да работат на реални проекти за вистински клиенти, со што ги применуваат стекнатите знаења и развиваат самодоверба, креативност и чувство за тимска работа.
„Нашата цел е секое дете да се чувствува охрабрено да истражува, да прашува и да развива вештини за комуникација, креативност и работа во тим, со што ќе ја зајакне својата самодоверба и верба во сопствените способности,“ изјавија од IThink Академија.

Детали за настанот:
- Датум: 18 септември 2025 (четврток)
- Време: 18:00 часот
- Локација: IThink Академија
За повеќе информации и пријавување:
Пријава за настан: https://forms.gle/pm6D4HJ6soRF9kcE9
Телефон: 078 499 133
Телефон: 078 499 273
IThink Академија – место каде љубопитноста расте заедно со децата.