Цените на нафтата растат поради ризиците во снабдувањето

- Advertisement -

Цените на нафтата продолжија да растат денес, за околу еден процент, со Брент на околу 68 долари за барел, а американската сурова нафта од Западен Тексас Интермедијар (WTI) на 64 долари за барел, првенствено поради ризикот од прекини во снабдувањето што произлегуваат од ескалацијата на конфликтот меѓу Русија и Украина.

Украина започна уште еден напад врз руските рафинерии преку ноќ, како дел од поширока кампања насочена кон руската енергетска инфраструктура, вклучувајќи го и извозниот терминал Приморск, објави „Трејдинг економикс“.

- Advertisement -

„Голдман Сакс“ проценува дека неодамнешните напади спречиле испорака на околу 300.000 барели руска нафта дневно до рафинериите во август и почетокот на септември.

„Ројтерс“ исто така објави дека операторите на цевководи го ограничуваат складирањето за производителите, што дополнително го поттикнува прекинот. Во меѓувреме, Европската унија разгледува нови санкции, вклучително и оние насочени кон фирмите во Индија и Кина кои ја олеснуваат трговијата со нафта за Москва.

- Advertisement -

На макроекономскиот фронт, вниманието е насочено кон состанокот на Федералните резерви на САД (ФЕД) оваа недела, каде што се очекува да се намалат каматните стапки за 25 процентни поени, објави „Танјуг“.

Политиката на олеснување на стапките би го поддржала економскиот раст во Соединетите Американски Држави и, следствено, побарувачката за енергија.

- Advertisement -

Фото – Pxfuel

Сподели!
- Advertisement -