ВИДЕО: Хрватски Gideon го претстави Trey, автоматски виличар кој сам товари во камиони

- Advertisement -

Хрватски Gideon на својата флота од автономни возила додаде уште едно – автономен виличар кој сам врши утовар и истовар на камионски приколки, а се вика Тrey.

Како што истакнаа на премиерата, Trey товарењето и истоварањето го врши целосно самостојно, со што заштедува повеќе од 80% од работното време на работниците. Виличарот работи сигурно, доследно и стабилно во динамични средини, во непосредна близина на луѓе.

- Advertisement -

„Ние во Gideon веруваме дека со автоматизацијата на најсложените операции за ракување со материјали можеме да придонесеме за експоненцијалн зголемување на капацитетот на човештвото за транспорт на товар. На светот му требаат нови начини за решавање на предизвиците. Нашиот нов начин ќе им даде супер моќ на милиони работници кои ги одржуваат нашите синџири за снабдување. Со поддршката на нашите купувачи, партнери и инвеститори развивме нов модел на автономен мобилен робот за утовар и истовар на камионски приколки“ изјави Марија Копиќ, извршен директор и соосновач на Gideon.

Како што истакнуваат од компанијата, новото решение е комбинација од технологија за автономија, софтвер за управување со операции, кој е исклучително едноставен за користење, и робустно, намеснки развиено возило на компанијата Infinity Machine & Engineering Corp.

- Advertisement -

(Dnevnik.hr)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -