Практична работилница која ги обедини компаниите, младите и иновацијата
Изминатата среда, на 24 септември, во Скопје се одржа уникатната практична работилница „Students got CHALLENGED“, во органзација на The Founder Games – првото регионално стартап шоу. Настанот ги обедини светот на компаниите, младите и иновацијата, нудејќи им на студентите можност директно да работат на реални предизвици на домашни познати брендови.
Во соработка со Halkbank AD Skopje, Zegin и Diners Club како компании-предизвикувачи, студентите креираа комуникациски стратегии и свежи идеи за тоа како нивните услуги и производи поефективно да допрат до младата публика. Настанот беше одржан во соработка и со KFC, Американ Корнер Скопје, Универзитетското студентско собрание на УКИМ, стартапот Dinna и организацијата Македонија 2025.
Студентите беа првите што ја погледнаа првата епизода на The Founder Games пред шоуто да се емитува низ целиот регион и пошироко, а потоа под менторство на експерти и корпоративни претставници развиваа идеи за маркетинг кампањи, дигитални содржини и нови пристапи до младата публиката.
Претставниците на компаниите споделија заклучоци дека работилницата им донела свежи и автентични идеи за тоа како младите го доживуваат нивниот бренд и дека овој тип на активности претставуваат динамично и корисно искуство кое им дава нова перспектива за идните маркетинг и комуникациски стратегии.
Од друга страна, студентите изјавија дека вакви настани се исклучително важни за нивното кариерно патување бидејќи им дава вистински увид во тоа како функционираат компаниите и можност да работат рамо до рамо со професионалци.
„Students got CHALLENGED“ ја покажа моќта на младинската енергија, иновацијата и партнерствата.


