Највисокиот мост во светот отворен во Кина

- Advertisement -

Кинеските власти денес го отворија, како што тврдат, највисокиот мост во светот – на висина од 625 метри, над клисура во планинската јужна покраина Гуиџоу, објавија државните медиуми.

Според агенцијата Синхуа мостот Хуаџијанг над Големиот Кањон е повисок од досега највисокиот мост Беипанџијанг (565 метри), кој се наоѓа на околу 100 километри оддалеченост, над истата река.

Денес беше дозволен сообраќај преку мостот, кој е долг 1.420 метри и се потпира на два столба. Мостот го скратува времето на патување низ кањонот Хуаџијанг во планинската покраина Гуиџоу од околу два часа на само неколку минути.

- Advertisement -

Висината на мостот е двојно поголема од висината на Ајфеловата кула, а го сруши и претходниот рекорд што го држеше мост во истата покраина.

Изградбата на мостот траеше три години.

- Advertisement -

Фото – Wikipedia

Сподели!
- Advertisement -