Илон Маск: Светот догодина ќе остане без струја и без трансформатори

- Advertisement -

Шефот на Teslа и на SpaceX предупредува дека светот идната година ќе се сочи со голем недостиг на струја и електрични трансформатори. Тоа Илон Маск го изјави на прашања и одговори на телефонски повици на конференцијата Bosch Connected World, каде што најмногу зборуваше за автономните автомобили и хуманоидните роботи, но воедно се осврна и на неверојатниот раст на вештачката интелигенција.

„Никогаш не сум видел технологијата да напредува побрзо од сега. Недостигот на чипови можеби повеќе не е проблем, но вештачката интелигенција и електричните возила се шират со толку голема брзина што светот идната година ќе се соочи со проблеми со снабдување со електрична енергија и трансформатори“ вели Маск.

- Advertisement -

“Изгледа дека пресметувањето на вештачката интелигенција на интернет се зголемува за фактор 10 на секои 6 месеци. Очигледно е дека тоа не може да продолжи да се случува со толку висока стапка засекогаш или ќе се надмине масата на вселената. Мислам дека навистина сме на работ на веројатно најголемата технолошка револуција која кога било постоела“ вели Маск и додава дека идниот голем недостиг ќе бидат трансформаторите за намалување на напонот.

„Мора да ги напојувате тие работи. Ако имате 100-300 киловолти од мрежата и мора да се намали се до 6 волти, тоа е многу работа за трансформаторите“ заклучува Маск и предвидува дека идниот недостиг ќе биде и електричната енергија затоа што нема да може да се обезбеди доволно енергија за стартување на сите чипови.

- Advertisement -

Маск рпедвидува дека недостигот од струја би можеле да го почувствуваме уште идната година и затоа апелира на создавање огромни количини електрична енергија и изградба на се повеќе системи кои ќе создаваат струја од обновливи извори.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: ERP Today)

Сподели!
- Advertisement -