Колку дена ќе може да работи една влада доколку најбогатиот човек во државата ѝ ги покрива сите трошоци? Bloomberg го подготви т.н. 2018 Robin Hood Index за да види колку време би можеле да опстанат државите во светот доколку владините трошоци ги плаќаaт најбогатиот милијардер во државата
Во истражувањето биле опфатени 49 држави со различни политички режими и трошоци заедно со најбогатите индивидуалци во секоја од државите. Потоа, резултатите биле добиени откако биле споредени богатството на индивидуалецот заклучно со декември 2017 со дневниот трошок за работа на владата од соодветната држава. Само четири од вкупно 49 луѓе на листата се жени: во Ангола, Австралија, Чиле и Холандија.
Овој инфографик прикажува колку денови ќе може да издржи државата доколку се финансира единствено од богатството на својот најбогат државјанин.
Но ова не е ситуација со сите држави. На пример, најбогатиот човек во Кипар, Џон Фридриксен би можел да ја одржува својата влада вкупно 441 ден. Кипар има мала популација и помали трошоци за социјална сигурност и здравство, добри даночни политики и економија базирана на туризам и услуги, поради што би имала предности најдолг период од богатството на Фридриксен кое изнесува околу 10 милијарда долари.
Од друга страна пак, најскапите влади за водење се оние во Јапонија, Полска, САД и Кина. Во Кина, најбогатиот човек Џек Ма со богатство до 47,8 милијарда долари би можел да ја одржува кинеската влада само 4 дена.
Најскапата влада во светот, онаа на САД, ќе функционира само 5 дена доколку трошоците ѝ ги покрива Џеф Безос, кој со богатство од 99 милијарда долари е најбогатиот човек во САД. Иста е ситуацијата и во Германија и Велика Британија.
Индексот Robin Hood покажува дека најголемиот дел од западните земји во светот не би издржале многу долго дури и со помош од своите најбогати државјани.
Целосната листа со 49 држави и податоците за тоа колку дена би издржале доколку најбогатиот државјанин им ги плаќа трошоците, може да се види на следниов линк.