На италијанскиот остров Сардинија се продаваат куќи за 1 евро

- Advertisement -

Сардинија, еден од најубавите европски острови, се соочува со голем проблем: исчезнувањето на локалното население. Додека има многу туристи, бројот на постојани жители се повеќе се намалува. Според најновите податоци, населението на островот се намалило од 1,64 милиони на 1,57 милиони во последните триесет години, а половина од населението сега живее во двата најголеми града. Како резултат на тоа, помалите градови и села полека изумираат.

Главната причина е демографскиот пад. Со просек од само 0,91 дете по жена, Сардинија има најниска стапка на наталитет во Италија, земја која самата по себе е меѓу најниските во Европската унија. За стабилно население, како потсетување, потребни се најмалку 2,1 дете по жена.

- Advertisement -

Високата невработеност и потрагата по подобри можности дополнително ги празнат селата од млади луѓе.

„Последното дете овде е родено пред 10 години“, вели Марија Ана Камеда, градоначалничката на Барадили, најмалото село во Сардинија, со само 76 жители. Местото е толку мало што може да се помине за неколку минути, но е уредно и добро одржувано. Во Барадили основното училиште се затворило пред повеќе од 30 години, а денес децата од неколку села посетуваат настава патувајќи секое утро со бесплатен автобус. Најблиското средно училиште и болницата се оддалечени повеќе од 30 километри.

- Advertisement -

За да се спречи исчезнувањето на селата локалните власти нудат силни стимулации за новите жители. Брачен пар кој ќе се пресели во село на Сардинија со помалку од 3.000 жители може да добие:

-До 15.000 евра за купување или реновирање на куќа.

- Advertisement -

-До 20.000 евра за започнување бизнис.

-Месечна поддршка од 600 евра за прво дете и 400 евра за секое следно дете до петгодишна возраст.

Постојат и локални иницијативи, како онаа во Ололаи, која нуди куќи за само 1 евро. Сепак, странците сè уште во голема мера го заобиколуваат островот – тие сочинуваат само 3,3% од населението, додека просекот во Италија е 8,9%. Државата го препозна проблемот, па владата на Ѓорѓе Мелони најави увоз на 500.000 странски работници во следните три години.

Селото Ололаи стана познато по својот проект за куќи од 1 евро, започнат во 2016 година. Градоначалникот Франческо Колумбо вели дека околу 100.000 луѓе аплицирале, но само неколку странци всушност добиле куќа. Селото сè уште е во опаѓање.

(Kamatica)

(фото: Raw Pixel)

Сподели!
- Advertisement -