Отворен повик за наградите „Предводници на одржливиот развој“

- Advertisement -

Клубот на одговорни бизниси на Конект, во партнерство со Министерството за економија и труд на Република Северна Македонија, го објавува повикот за доделување на наградите „Предводници на одржливиот развој“. Наградите се национално признание за најдобрите практики и иновации коишто прават значајни чекори кон одржлив развој создавајќи подобро општество. Целта е да се истакнат компаниите кои преку конкретни иницијативи и проекти прават значајни чекори кон одржлив развој, општествена одговорност, ESG и позитивна трансформација на заедницата.

Компаниите може да аплицираат за наградите во 8 категории: Климатска акција и зачувување на природата (вклучително циркуларна економија); Партнерства за одржлив развој; Бизнис и човекови права, Добри соседи (вложување во заедницата); Благосостојба на вработените; Придонес кон квалитетно образование и искоренување на сиромаштијата; Одговорен производ или услуга (за компании и социјални претпријатија), Повелба Горан Лазаревски за лични заслуги кон одржливиот развој. Повеќе детали за категориите, критериумите и начинот на аплицирање на повикот се достапни

- Advertisement -

<<овде>>.

На повикот можат да аплицираат сите компании (и во поединечни категории социјални претпријатија и индивидуалци) што имаат реализирано иницијативи или проекти поврзани со одржлив развој во 2024 и/или реализираат во 2025 година. Секоја компанија може да поднесе повеќе пријави во различни категории. Се аплицира онлајн или со апликација испратена на konekt@konekt.org.mk најдоцна до до 28 ноември 2025.

- Advertisement -

Евалуацијата на апликациите ја спроведува комисија вклучувајќи експерти и практичари од областа, а избраните финалистити продолжуваат на интервју со комисија. Победниците ќе бидат објавени на пригоден јавен настан во Скопје.

Врз основа на квалитетот на апликациите комисијата го задржува правото и да не додели награда.

- Advertisement -

За сите дополнителни прашања, заинтересираните компании можат да контактираат со Клубот на одговорни бизниси на Конект на konekt@konekt.org.mk и 02 3224 198. Рок за прашања е 10 ноември 2025.

Сподели!
- Advertisement -