Данската премиерка, Мете Фредериксен, објави дека владата планира да ја забрани употребата на социјалните медиуми од страна на деца под 15 години.
Премиерката, исто така, предупреди дека „мобилните телефони и социјалните медиуми го крадат детството“.
Во говорот пред парламентот Фредериксен рече дека сака построги закони за заштита на децата, но не даде конкретни детали за предложената забрана.
Граѓанската иницијатива „2024“ веќе собра 50.000 потписи за забрана на платформи како што се TikTok, Snapchat и Instagram
Данската премиерка додаде дека родителите можат да дадат согласност за сметки за деца над 13 години, додека данската влада, исто така, бара од ЕУ да воведе задолжителна проверка на возраста за корисниците на интернет.
(021)