ТОП европски градови во кои цените на становите вртоглаво растат!

- Advertisement -

Растот на европската економија кој сите ги чувствуваат и изобилството од евтини кредити придонесе кон тоа да се зголемат цените на недвижнини, појава која е најмногу евидентна во Амстердам и Даблин

Како што пишува Poslovni Dnenvik, според истражувањата на компанијата Savils, во Холандија моментално се случува експлозија на цените на недвижнините најмногу поради растот на БДП и ниските каматни стапки. Во Амстердам, цените на недвижнини годишно се зголемуваат во просек од 21%, а просечната цена на метар квадратен достигнува и до 3925 евра.

Слабата понуда, големата побарувачка и стабилната економија резултираат со раст на цените и во Даблин за 12,3% каде што за метар квадратен се издвојуваат 3227 евра.

- Advertisement -

На трето место се наоѓа Париз со раст од 8,3% на цените на недвижнини. Растот на цените во овој град е најмногу предизвикан од фактори како побарувачката на станови поради Брегзит и одржувањето на Олимписките игри во 2024 година.

Сподели!
- Advertisement -