Белгија размислува за ограничување на потрошувачката на струја на центрите за податоци

- Advertisement -

Белгискиот оператор на електрична мрежа посочи дека може да ја ограничи потрошувачката на енергија на центрите за податоци за да обезбеди снабдување на други потрошувачи во индустријата. Центрите за податоци во Белгија денес трошат девет пати повеќе електрична енергија отколку во 2022 година

Центрите за податоци треба да бидат одвоени во посебна категорија потрошувачи со прецизно дефинирани и ограничени мрежни капацитети, предложи операторот Елија. Ова би гарантирало пристап до мрежата за други сектори, објаснија тие.

Центрите за податоци сè уште би можеле да одржуваат флексибилни врски во периодот на преоптоварување на мрежата и ограничен капацитет, забележува Елијаи.

- Advertisement -

Големите технолошки компании трошат милијарди долари за технологија на вештачка интелигенција и центри за податоци, а земјите ширум светот се борат да најдат решенија за да ја задоволат зголемената побарувачка за електрична енергија. Токму центрите за податоци треба да ја зголемат потрошувачката на електрична енергија на рекордно ниво во следните две години.

  • Таков обем на потрошувачка не беше предвиден за време на планирањето на различните сценарија за оптоварувањето на белгиската енергетска инфраструктура – нагласи операторот во соопштението за медиумите.
    • Шпекулациите исто така треба да се спречат за да не се блокираат мрежните капацитети, предупредија тие.

Центрите за податоци во Белгија денес трошат девет пати повеќе електрична енергија отколку во 2022 година, а резервираниот капацитет за 2034 година е веќе двојно поголем од осумте терават часови предвидени во националниот план за развој на мрежата, објави операторот Елија.

- Advertisement -

Трендот на потрошувачката на електрична енергија во центрите за податоци ќе биде тема на новиот план за развој на мрежата во периодот од 2028 до 2038 година, изјави оваа недела во парламентот министерот за енергетика Матие Бије.

Американскиот технолошки гигант Гугл најави инвестиција од пет милијарди евра во проширување на инфраструктурата на центрите за податоци во Белгија што треба да ја поддржи неговата стратегија за вештачка интелигенција.

- Advertisement -

(Lidermedia)
Фото- Raw Pixel

Сподели!
- Advertisement -