Be Мy Еyes – апликација со која волонтери од целиот свет им помагаат на слепите лица

- Advertisement -

Be My Eyes е првата апликација од овој вид во светот која во реално време ги поврзува слепите луѓе и луѓето со проблеми со видот со доброволци од целиот свет кои можат да гледаат. Целта на апликацијата е преку видеоповици да им се помогне на слепите луѓе во секојдневни ситуации.

Корисниците на апликацијата се поделени во две групи: помошници и луѓе на кои им треба помош. Кога некоја слепа личност има потреба од помош, апликацијата ја отвора задната камера на телефонот и ја поврзува со некој волонтер кој може да помогне во моментот.

- Advertisement -

Некои примери за случаи кога им треба апликацијата на слепите луѓе се: да најдат нешто што изгубиле, да им се опише некоја фотографија или уметничко дело, да најдат бои кои оддат заедно, да прочитаат некој натпис на производ, да решат некој проблем на компјутер, да купат продукти за дома, да видат дали поминал рокот на употреба на некој производ, да се запознаат со некоја нова средина, да видат кога има автобус или друго превозно средство итн.

Сподели!
- Advertisement -