Како дел од својата посветеност за постојано подобрување на куповното искуство, ТИНЕКС, заедно со својата мрежа на КОНТО маркети, постојано инвестира во технологија и модерни продажни формати, воведувајќи најсовремени решенија за брзо, практично и иновативно пазарување.
Во таа насока, Тинекс во соработка со Mastercard ја реализира новата кампања што има за цел да ги поттикне потрошувачите да ги користат касите за самонаплата и да уживаат во побрзо, поудобно и безконтактно плаќање.
Со секое плаќање со Mastercard дебитна или кредитна картичка, на касите за самонаплата во одбраните маркети на ТИНЕКС и сите Конто маркети, корисниците добиваат можност да остворат поврат на средства (кешбек).
Како да добиете cashback?
- Пазарувајте со Mastercard на самонаплатна каса во одбраните маркети на ТИНЕКС или во некој од Конто маркетите.
- Направете најмалку четири трансакции во текот на кампањата, со вкупна вредност од најмалку 6.000 денари.
- Добијте поврат на средства од 10%, односно 600 денари cashback!
За поголема вредност на купувањето, износот на повратот се зголемува пропорционално – што повеќе пазарувате, толку поголем поврат добивате!
Кампањата се спроведува во одбрани Тинекс маркети низ Скопје, Битола, Охрид и Куманово и во сите Конто маркети, каде што се достапни касите за самонаплата. На овој начин, Тинекс и Mastercard им овозможуваат на потрошувачите да ја искусат предноста на модерното пазарување – без редици, без готовина и со вреден поврат на средствата.
Повеќе информации за кампањата и за локациите со каси за самонаплата се достапни на веб-страниците и социјалните мрежи на Тинекс и Конто.
Тинекс: https://www.tinex.com.mk/mastercard
Конто: https://www.kontomarket.com.mk/mastercard



